Во Мултимедијалниот центар „Матица ексклузив“ денеска напладне ќе биде отворена изложбата на акдемскиот сликар Ниче Василев. Познатиот уметник ќе се претстави со триесеттина дела создавани во последниве неколку години. За оваа пригода, книгоиздателството „Матица македонска“ подготви каталог за творештвото на Василев. Изложбата ќе ја отворат писателите Ефтим Клетников и Георги Барбаровски.
Со оваа излижба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира високите вредности на македонските сликари и уметници. Во овој престижен салон на културата и уметноста во изминативе месеци со свои дела се претставија академските сликари Васко Ташковски, Газанфер Бајрам, Глигор Чемерски, Коле Манев, Владо Георгиевски, Симон Шемов, Павле Кузмановски, Новица Трајковски и скулпторот Илија Аџиевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.