Екипите на Рома и на Наполи ја продолжуваат борбата за второто место во Серија А откако вчера забележаа победи во 28. коло во Серија А.
Фудбалерите на Рома на „Олимпико“ славеа над екипата со Удинезе со резултат 3-2. Капитенот Тоти го отвори резултатот во 22. минута, Дестро го зголеми водството во 30. минута, а третиот погодок го постигна Торосидис во 69. минута. Стрелци за Удинезе беа Пинци во 52. минута и Душан Баста во 80. минута.
Рома со оваа победа го задржа второто место на табелата со 61 бод, три повеќе од Наполи, кој вчера славеше во Торино со голот на Игуаин во последната минута од натпреварот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Палота до Барселона: Дајте ни го Меси и сè ви е простено
-
Картите се спремни: Рома го знае својот противник во Лигата на шампионите? (фото)
-
Ни крив, ни должен „фатил“ 42 000 евра: Одиграл на победа на Барселона, грешката на вработената го направила богат
-
Лудило во Рим: Претседателот на Рома скокна во фонтана (Видео)