| четврток, 6 декември 2018 |

Извршители му тропнаа на врата на Борис Бекер

Борис Бекер ќе мора да ја продаде куќата на Мајорка за да ги намири долговите од околу 400 илјади евра и дополнителни судски трошоци од 25 илјади евра.

Популарниот Бум Бум не им плаќал на работниците при иградбата и одржувањето на луксузната вила на Балеарските Острови вредна 6 милиони евра, па ќе мора да ја даде на аукција и да ја продава.

Во 2003 години судот пресуди дека германската тениска легенда незаконски доградувала дел од вилата, па мораше и да ја урива доградбата.

Бекер е најмладиот шампион во историјата на Вимблдон, а подвигот го приреди како 17-годишен тинејџер во 1985 година со победа во финалето против Кевин Карен со 3-1 во сетови. Тогаш Бекер стана првиот тенисер со титула на Вимблдон што настапил на турнирот нерангиран како носител и прв германски тенисер што триумфирал на лондонскиот гранслем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top