По пласманот на ЖРК Вардар на фајналфор турнмирот во Лигата на шампионите, што ќе се игра на 3. и 4. мај во Будимпешта, многу симпатизери на какедонскиот првак се обидоа да купат влезници преку официјалната страница на ЕХФ.
Таму стои дека билетите се продадени или не се достапни за продажба.
Според правилникот на ЕХФ, на клубовите кои ќе играат на завршниот турнир за титулата им следува одреден контингент на влезници, кои самиот клуб ќе одреди каде и кога ќе ги продава. За останатите слободни места такви билети нема во слободна продажба. Салата во Будимшешта има капацитет од 12 илјади седишта, а домаќините си имаат свој претставник, Ѓер, екипа што ќе игра во полуфиналето против Митјиланд.
Во вториот полуфинален меч силите ќе ги одмерат ЖРК Вардар и Будуќност од Подгорица, а финалето е закажано за следниот ден, на 4. мај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.