Викендов што следи предизвикува вистинска еуфорија кај ракометните симпатизери на нашите најдобри ракометни клубови Вардар и Металург. Тие овој викенд ги играат првите натпревари во осминафиналето од Лигата на шампионите против Хамбруг и Колдинг на домашен терен.
РК Вардар своите билети ги пушти во продажба уште во саботата и веќе се распродадени. Продолжен е рокот само за местата што се пополнети со претплатнички билети за посетителите кои го следеа Вардар во текот на целата сезона во рамките од ова натпреварување. Тие билети можат да се заменат во „Југотон“ до 19 март. Натпреварот Вардар – Хамбург се игра в сабота, во 18 часот.
Метарург заврши со замената на претплатничките билети и денеска во 17 часот почнува со продажба на влезниците за натпреварот против Колдинг за местата за седење каде што не се продадени претплатнички карти во текот на сезоната. Од клубот информираат дека се останати околу 2.500 билети и се очекува во најбрз можен рок да бидат продадени уште во текот на денешниот ден. Металург игра в недела, исто така од 18 часот.
За сите вљубеници во овој спорт претстои прекрасен ракометен викенд со двата најдобри македонски клуба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.