На 21 овој месец, во организација на скопската промотерска организација „Drop Series“, во Скопје од Берлин доаѓа Лапиен, со неговиот електропроект „Метрополис“. Лапиен или Метрополис е едно од најсвежите имиња во електронската музичка индустрија, а доаѓа од Холандија.
Во моментов живее и работи во Берлин и со своите многубројни изданија во релативно краток временски период успева да го сврти вниманието на многумина диџеи и издавачки куќи кои будно го следат неговиот грув. Лапиен дебитира во 2009 година со својата прва плоча за британската издавачка куќа „Bliq“, а под псевдонимот Метрополис, се појавува на издавачки куќи како „Other Heights“, „Field Records“, „Sequencias“, „Photic Fields“.
Со оваа серија на изданија, неговиот материјал беше топло дочекан во сетовите на Милтон Бредли и многу други, а неговото издание за „Other Heights“ беше номинирано за издание на 2013 година во Њујоршката плоча „Dope Jams“. Заедно со Робин Коек, се кријат позади псевдонимот Артефакт. Песните „Other Sun” и „Mirror Society” се појавуваат на холандскиот техно лејбл „Field Recordings“, каде што техното се третира повеќе како арт форма, а не како нешто што само треба да функционира на подиумот.
Последна нивна трака е „Twilit” која неодамна се појави на „Prologue Music“. Неговата инволвиранот на различните полиња на андергроунд денс сцената, допринесоа Лапиен да биде препознаен по својот квалитет и иновативност, и не е случајност тоа што неговите диџејски и настапи во живо можат да се чујат низ многу клубови низ Европа.
На 21 март, „Drop Series“ го претставува неговото гостување во Скопје, на подиумот во клубот Капан АН, каде што публиката ќе го има задоволство да ужива во неговиот настап во живо. Домашна поддршка на овој настап ќе бидат резидентите Видиновски и Милескаја, додека за визуелниот дел ќе се погрижат „Lazy Kidz Visuals“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.