| четврток, 6 декември 2018 |

Реконструкција во Владата следната недела

Ќе има реконструкција на Владата следната недела, откако вицепремиерката Теута  Арифи и министерот за локална самоуправа Невзет Бејта в петок ќе ги достават оставките во премиерот Никола Груевски, јавува „24 вести“. 

На местото на Арифи во евроинтеграции треба да биде прекомандуван  министерот за одбрана Фатмир Бесими, а нов министер во локална ќе биде заменик0министерот за транспорт и врски Тахир Хани. Во министерството за  одбрана како прв човек треба да дојде  координаторот на пратеничката група на ДУИ  Талат Џафери, а во заменичката фотелја во транспорт и врски, актуелниот заменик во МВР Џељал Бајрами, велат извори на „24 вести“.

Нов заменик на Јанкуловска ќе биде Земри Ќамили, кој е директор во агенција за конфискување имот, на местото на Недим Рамизи кој што стана пратеник, во финансии, како заменик министер доаѓа Адриан Џеладини. Реконструкцијата на Валдата доаѓа отткако Теута Арифи стана кандидат за градоначалник на ДУИ во Тетово, а Невзат Бејта за Гостивар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top