| четврток, 6 декември 2018 |

Венецуелската војска ги растера демонстрантите од плоштадот во Каракас

venecuela demonstracii

Венецуелската војска упадна на плоштадот во Каракас и ги растера демонстрантите кои го запоседнаа местото за време на шестнеделните демонстрации против претседателот Николас Мадуро.

Припадниците на националната гарда ја растераа толпата со водени топови и солзавци, а демонстрантите им вратија со камења и ссо Молотови коктели пред да го напуштат плоштадот. Акцијата на војската следувала по наредбата на претседателот да се преземе контрола над плоштадот „Алтамира“, каде што секојдневно имало судири во последниот еден и пол месец.

– Ќе го ослободиме секое место што го зазедоа демонстрантите – изјави 51-годишниот Мадуро.

Милитантните опозициски лидери и студентите ги повикаа сонародниците да излезат на улиците и да застанат против криминалот и недостигот од храна.  Демонстрациите почнаа на почетокот на февруари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top