| четврток, 6 декември 2018 |

Индира Кастратовиќ: Ѝ честитам на Македонија, благодарам што беше со нас

vardarki-slavat-18

Легендата на македонскиот женски ракомет, Индира Кастратовиќ ѝ се заблагодари на македонската публика и на голманката Ина Суслина која беше неприкосновена на голот на Вардар кој го направи историскиот успех и се пласираше во фајнал-фор турнирот во Будимпешта.

– Им честитам на девојките и на оваа публика. И честитам и на Ина која блескаше на голот. Честитки на сите околу клубот, ова е огромен успех и тоа во првата година. И честитам на цела Македонија, благодарам што беа со нас – изјави Кастратовиќ.

Вечерва во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје македонските ракометни шампионки Вардар СЦБТ славеа над Савехоф се пласираа во полуфиналето на ЛШ.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top