| четврток, 6 декември 2018 |

Вардарки се полуфиналистки во ракометната ЛШ

vardarki-slavat-3

ЖРК Вардар со денешната победа над Савехоф од 24-18 го завери пласманот во полуфиналето на фајнл-фор турнирот во Будимпешта. Во СЦ Борис Трајковски пред повеќе од шест илјади гледачи ракометарките на Вардар успеаа да го остварат тоа што го зацртаа на почетокот од сезоната.

vardarki-slavat-6

Во првиот дел многу лесно со атрактивна игра Вардар поведе со пет гола разлика (5-0). Сепак Савехоф по тајмаутот се созема и направи серија од 5-1  за да ја стигне разликата. До крајот на првиот дел двете екипи потешко од предвиденото доаѓаа до ситуација да постигнат гол бидејќи на двете страни на голот беа расположените Суслина и Бундсен. Во првиот дел како и во текот на целиот меч Андреа Лекиќ покажа зошто е избрана за најдобар играч за 2013 година. Таа покрај четирите гола имаше и неколку прекрасни асистенции.

vardarki-slavat-11

На почетокот на вториот дел дојде до опуштање на играчите на Вардар и му дозволија на Савехоф дури и да поведе со 12-11. Тоа се должи пред се на одличните одбрани на Бундсен која со серија од пет одбрани не дозволи да прими гол цели шест минути. Индира Кастратовиќ направи неколку измени во составот и со цврста одбрана вардарки успеаа да го вратат резултатот во своја корист. Играчите на Савехоф беа немоќни да ја совлаадаат Суслина која до крајот на натпреварот успеа да одбрани 19 удари. На спротивната страна најдобриот поединец кај швеѓанќите беше голманот Бундсен со 20 одбрани.  Во вториот дел проработеа и Хмирова и Радичевиќ кои постигнаа по четири гола.  Андреа Лекиќ беше најефикасна и успеа да се запише седум пати во листата на стрелците.

vardarki-slavat-15

Кај Савехоф Робертс постигна шест гола.

фото: Ѓорѓи Личовски

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top