| четврток, 6 декември 2018 |

Суслина вистинска енигма за играчите на Савехоф

vardarki-slavat-4

Во последното коло од Лигата на шампионите во ракомет во женска конкуренција, македонскиот шампион ЖРК Вардар на полувреме води со 11-09 против шведскиот претставник Савехоф.

Со победа вардарки ќе се пласираат во полуфиналето односно на завршниот фајнл-фор турнир во Будимпешта од првото место на табелата и ќе вкрстат со второпласираната екипа од групата 2. Избраничките на Индира Кастратовиќ одлично го започнаа мечот со серија од 5 гола и набрзина направија солидна предност. Во продолжението од натпреварот дојде до опуштање на играчите и по тајмаутот на Савехоф разликата се стопи на само гол предност. До крајот на првиот дел се играше гол за гол за да на крајот вардарки заминаа на паузата со два гола предност. На голот е неприкосновената Ина Суслина која првиот гол го прими дури во десетата минута. Таа првите 30 минути ги заврши со 11 одбрани од кои три седмерци. Најефикасна во нашиот состав е Андреа Лекиќ со четири гола. Кај гостинките од Шведска е Робертс која истотака постигна четири погодоци.

фото: Ѓорги Личовски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top