| четврток, 6 декември 2018 |

Пратеничка добивала 500 евра месечно за совети во одбраната!?

Демократската Партија на Албанците денеска обвини дека пратеничката на ДУИ Ермира Мехмети незаконски добивала хонорар од Министерстовото за одбрана по 500 евра месечно.

На денешната прес конференција пратеникот на ДПА Беким Фазлиу изјави дека министерот за одбрана Талат Џафери на пратеничката од ДУИ, Ермира Мехмети, месечно за услуги и плаќал по 500 евра.

Тој на денешната прес-конференција презентираше документи според кои  Мехмети во период од 6 месеци од министерот Џафери добивала по 30,000 денари нето. Целата трансакција се одвивала преку друг правен субјект.

„Ова е договорот склучен помеѓу Талат Џафери, министер за одбрана на ДУИ и Емира Мемети пратеник на ДУИ, каде што Талат се обврзува да и плаќа на Ермира по 500 евра месечно! Се поставува прашањето кои се тие услуги што и се плаќаат на Ермира“ , праша Фазлиу.

„Во меѓувреме Албанците имаат проблеми со обезбедување на егзистенција при што илјадници дипломирани млади Албанци немаат можност да обезбедат работни места! Ние не сме загрижени што вие крадете, сте корумпиран и меѓусебно делите високи парични сретства за вашите меѓусебни услуги, туку наша главната грижа е што преку овие кражби, вие сте ги продале националните интереси“, рече Фазлиу.

Фазлиу најави дека ДПА ќе продолжи да бара од надлежните органи да постапат како што ги обврзува законот.

„Талат Џафери не им даде никакво објаснување на Албанците за купената титула магистер со народните пари, тоа не значи дека тука завршува неговиот криминал и корупцијата“, изјави пратеникот на ДПА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top