Полицијата ја истражува можноста пилотот сам да го киднапирал својот авион во знак на политички протест, јавува британскиот весник „Мејл од сандеј“
Весникот дознава дека капетанот Захари Ахмад Шах бил „опсесивен“ поддржувач на малезискиот опозициски лидер Анвар Ибрахим. Неколку часа пред кобниот лет, 53 годишниот Шах присуствувал на контроверзното судење на кое Ибрахим бил осуден на пет години затвор. Локалните медиуми јавуваат дека Ибрахим и неговата партија биле најсилниот против кандидат на владејачката партија, поради што е водена и неправедна кампања за негова дискредитација.Полициски извори потврдија дека Шах бил еден од главните активисти, поради што се сомневаат дека бил крајно вознемирен од судската пресуда.
Седум часа по пресудата, Шах ја презел контролата врз авионот кој летал за Пекинг и превезувал 238 патници и членови на екипажот.
Малезиската полиција вчера го претресла домот на пилотот, при што пронашла симулатор за летање. Весникот наведува дека истражителите уште минатата недела од домот на Шах одземале два лаптоп компјутери, а се претпоставува дека на еден
од нив има податоци од симулаторот.
Петер Чонг, пријател на пилотот Шах вели дека не може да поверува во ваквите информации.
– Го знам капетанот Захари повеќе од две години. Тој е многу дружељубив и сака деца. Што се однесува до летањето, тој е многу професионален пилот… Емоционално сум погоден од информациите. Не верувам во информациите се додека не се докажат дека тој е одговорен за исчезнувањето на авионот. Тој не е таков човек. Збунет сум. Ако треба да изберам кој пилот би сакал да ме лета,
капетанот Захари е мојот избор – вели Чонг за „Би-би-си“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



