Италијанскиот пилот, Габриеле Орланди (36) загина вчера на аеромитинг во Лацио, откако воениот ловец „јурофајтер тајфун“ со кој управуваше се урна.
Авионската несреќа се случи над Средоземното Море, во близина на градот Терачино, а по неа аеромитингот беше прекинат.
Авионот падна при воздушна егзибиција, по изведување вертикално вртење наречено лупинг.
Спасувачките служби веднаш интервенираа, но телото на пилот е најдено нешто повеќе од еден час по несреќата. Драматичните снимки покажуваат дека пилотот не успеал да се спаси ниту со катапултирање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)