| четврток, 6 декември 2018 |

Индија прекина со потрагата по исчезнатиот малезиски Боинг 777

авион 2
– Индија прекина денеска со потрагата по исчезнатиот малезиски патнички авион околу Андаманските и Никобарски острови и во Бенгалскиот Залив и чека нови иструкции од Малезија – изјави индиски воен претставник.
– Целата операција е прекината и чекаме нови инструкции од Малезија – изјави полковникот Хармит Синг, портпарол на Командата на индиската армија, морнарица и воздухопловство на Андаманските и Никобарските острови.
Индиските сили пребаруваа две одвоени области околу островите во Андаманското Море и Бенгалскиот залив во рамки на меѓународната потрага по Боингот 777 кој ичезна на 8 март со 239 патници и членови на екипажот.
Малезискиот премиер Наџиб Разак вчера изјави дека авионот бил намерно пренасочен и дека летал уште неколку часа откако исчезнал од цивилниот радар. Тој не потврди дека авионот е киднапиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top