| четврток, 6 декември 2018 |

МЗТ Скопје рутински против Широки

Македонскиот шампион МЗТ Скопје лесно го победи Широки со двоцифрена разлика, 82-71 и се врати на седмата позиција во Јадранската Лига.

Српскиот интернационалец Маринковиќ беше клучната фигура за победата со 20 поени, а речиси и не промаши во ударите за два поени. Синовец е веднаш зад него на листата најефикасни кај домаќинот со 13 поени, а со по девет постигнаа Чековски, Цветковиќ и Лучиќ.

Најефикасен на мечот беше Американецот Џонс со 25 постигнати поени.

По оваа победа МЗТ со 12 победи и 12 порази повторно се врати на седмата позиција на табелата во АБА лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top