| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Владата ги реши горливите проблеми со професионалните војници и стечајците, а растат и инвестициите

gruev sitel

Премиерот Никола Груевски во вечерашното гостување во Дневникот на телевизија „Сител“ истакна дека статусот на стечајците кои останале без работа во државните претпријатија со нaд 25 години стаж е целосно решен.

Тој нагласи  дека прашањето со стечајците и професионалните војници  не е ново и датира од времето на СДСМ.

-СДСМ имаше можност, но не го реши ова прашање и покрај тоа што стечајците и професионалните војници штрајкуваа и протестираа.  Огромниот број од тие стечајци е создаден во времето на СДСМ, во приватизацијата. Ние сме единствената влада која се погрижила да го реши ова прашање. За професионалните војници прашањето е затворено. Сите по нивната 45 година ќе добијат работа во државна инситуција. Тоа им е загарантирано со закон -рече Груевски.

Груевски истакна дека во однос на стечајците се прави разграничување, на стечајни работници кои останале без работа во фирми кои биле во доминантно државна сопственост и стечајни рботници кои останале без работа од фирми со доминантно приватен капитал.

Премиерот, исто така, посочи дека во Македонија годинава ќе влезат најмалку 20 нови компании кои ќе отворат нови работни места, а Македонија веќе е позиционирана на мапата на странски инвеститори.

– Во новогодишното обраќање истакнав дека очекувањата се дека најмалку 20 нови компании треба да се отворат оваа година, со нови фабрики и тоа беше конзервативна проекција. Голем број компании веќе ги објавија своите инвестиции, а има и други најави. Со дел од компаниите разговорите се во завршна фаза и тие наскоро ќе ги објават своите инвестиции – рече Груевски.

Премиерот нагласи дека важно за земјата е и намалување на невработеност, спроведена преку низа мерки и проекти кои што се спроведуваат во соработка со Агенцијата за вработување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top