| четврток, 6 декември 2018 |

ОХИС ќе ја зголемува основната главнина преку приватна понуда

охис

Поранешниот хемиски гигант ОХИС донесе одлука за зголемување на основната главнина, со издавање четврта емисија на обични акции преку приватна понуда, стои во Одлуката објавена на Македонска берза.

До моментот на донесување на одлуката за зголемување на основната главнина, ОХИС има главнина во вредност од 98.630.295 евра, распоредена на вкупно 1.929.048 акции со номинална вредност на една акција од 51,29 евра.

Во нивната вкупна структура 1.860.561 се обични, а остатокот од 68.487 се приоритетни акции.

Со четвртата емисија на акции се врши зголемување на основната главнина со непаричен влог преку приватна понуда наменета за Владата на Република Македонија.

Таа ќе се врши врз основа на претворање на побарувањата на државата по основа на јавни давачки во траен влог во друштвата „Наум Наумовски- Борче“, „Тутунски комбинат“ од Прилеп и Друштвото за производство на производи со посебна намена „11 Октомври – Еурокомпозит“ од Прилеп.

Владата ги презема акциите од новата емисија со претворање на своите побарување во влог во компанијата, односно со внесување непаричен долг. Непаричниот влог кој ќе биде внесен од познатиот купувач ќе изнесува 314.592.353 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top