„Република“ вчера праша дали средна класа за СДСМ значи поседување „куќичка“ од три ката со површина од 313 квадратни метри плус дворно место и сето тоа во вредност од повеќе од 400.000 евра, два автомобила, „мерцедес“ и „ауди“. Лидерот на СДСМ, Зорн Заев се смести себеси во средна класа, а за капиталот на своето семејство изјави дека изнесува шест-седум милиони евра. Неговиот гласноговорник, Петре Шилегов, кој според параметрите на Заев, веројатн,о е, исто така, средна класа, поседува куќичка од 400.000 евра, како и два автомобила, „мерцедес“ и „ауди“.
Но „Република“ му се извинува на Шилегов што заборави дел од неговиот личен имот. Во вчерашното претставување на „средната класа“ на СДСМ, го заборавивме станот од 87 квадратни метри во Кисела Вода, исто така, сопственост на Шилегов.
„Република“ прашува колку нивоа има во средната класа на СДСМ и на лидерот Зоран Заев. Во кој дел од средната класа спаѓа Шилегов со својот имот? Дали тој со својот имот припаѓа во најниското ниво од средната класа, со оглед дека неговиот лидер Зоран Заев со шест-седум милиони евра спаѓа во средна класа? Како би изгледала високата средна класа според СДСМ?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?