Германската канцеларка, Ангела Меркел, изјави дека Русија ризикува големи економски и политички загуби доколку не се откаже од својот курс во однос на Украина.
– Дами и господа, ако Русија продолжи да дејствува како во последните недели, тоа ќе биде катастрофа не само за Украина – изјави таа за време на настап во Бундестагот.
-Тоа (непроменливоста на позицијата на Русија) нема да ги промени само односите на ЕУ кон Русија. Тоа ќе биде огромна штета за Русија, како економска, така и политичка – изјави Меркел, а пренесува „Газета.ру
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.