| четврток, 6 декември 2018 |

Пандев загуби во Порто, Валенсија подобра од Лудогорец

FC Porto vs SSC Napoli

Горан Пандев со својот тим Наполи во првиот осминафинален натпревар од Лига Европа гостуваше во Порто и загуби со 1-0.
Порто беше подобар портивник во текот на целиот натпревар и можеше лесно да се случи да победи и со поголема разлика ако не беше поништен голот на Едуардо кој не беше во офсајд-ситуација. Стрелец на единствениот гол беше Џексон Мартинез во 57 минута. Пандев повторно го почна мечот од клупата, а во игра влезе во 80 минута на местото на Каљехон.

PFC Ludogorets vs Valencia CF

Валенсија доминираше во Софија против домашната екипа на Лудогорец. Најголемото изненадување во досегашниот дел од Лига Европа бугарскиот претставник кој во претходната фаза го елиминира Лацио не можеше да направи уште еден добар резултат и беше поразен со 3-0. Валенсија брзо поведе со голот на Бараган во петтата минута. Лудогорец можеше да го израмни резултатот уште во првото полувреме, но Бејзак не го искористи пеналот во 26 минута по црвениот картон на Кеита.
Во продолжението од натпреварот Валенсија постигна уште два гола преку Картабиа и Сендерос во 34 и 59 минута. Со овој резултат шпанскиот тим практично веќе е полуфиналист бидејќи реваншот во Валенсија треба да биде чиста формалност.

Во третиот дуел кој се играше во 19.00 часот Базел и Салзбург одиграа без голови 0-0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top