Во галеријата „Гросовер арт“ во Минхен, Германија е отворена самостојна изложба на македонскиот скулптор Александар Ефтимовски. Изложбата насловена како „Бело злато – метаморфоза“ е отворена на 12 март и ќе трае до 17 април. Ќе бидат изложени единаесет дела изработени од мермер.
Делата на авторот се окарактеризирани како апстрактни, донесени до крајно едноставна и компактна форма. Сите единаесет дела се од последниот творечки период на Ефтимовски и истите претставуваат форми – преродби.
Александар Ефтимовски дипломира на Академијата за ликовни уметности во Фиренца за скулптура и визуелна уметност. Магистрира на Aкадемијата за ликовни уметности во Карара и се посветува на обработка на камен.
Неговата прва самостојна изложба, наречена „Mo(nu)mental Ideas“, се одржа во Љубљана, Словенија. Добитник е на повеќе награди и признанија, меѓу кои се и награда на Биенале во Сан Николо, Италија, наградата за талентиран млад уметник од Министерството за култура на Македонија, како и наградата „Димо Тодоровски“, која ја доделува Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.