| четврток, 6 декември 2018 |

Бебе ги изело сите магнети од фрижидерот

rengen

Во Русија, 16-месечно бебе голтнало 42 украсни магнети, што мајка му ги закачувала на фрижидерот.

Мајката ја фатило паника кога видела дека недостигаат магнетите на фрижидерот, па детето го однела на лекар. Тогаш на рендгенсја снимка се покажало дека магнетите се во стомакот на бебето. Хирузите од детската болница во областа Чељабинск успешно го оперирале бебето, па сега тоа успешно заздравува.

Тие ги предупредуваат родителите да внимаваат на своите деца за да не се случат слични несакани случки. Хирургот истакнал дека во неговата досегашна практика се среќавал со слични случаи на голтање туѓи тела, но овој со 42  магнети е, дефинитивно, рекорд.

rengen 2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top