| четврток, 6 декември 2018 |

Преку уметност до хуманост – Живко Поповски-Цветин донира 50 слики за лекување на Димитар Несторовски

Денеска со почеток во 20 часот, во арт-кафе „Концепт 37“ во Скопје ќе биде отворена изложба со дела на истакнатиот сликар Живко Поповски-Цветин. Авторот донира околу 50 слики во поддршка на хуманитарната акција за 11-годишниот Димитар Несторовски, кој боледува од прогресивна мускулна дистрофија – Дишен (Dystrophio musculorum progresiva DMD).
Лекувањето на Диме во Медицинскиот центар за матични клетки „By” во Пекинг овозможува да се спречи натамошна прогресија на болеста, а четиринеделниот третман за операција, имплантација на матичните клетки и физотерапија чини 40.000 долари.
Оваа изложба, всушност, е повик до сите хумани луѓе преку купување уметнички дела и донирање средства да помогнат за ова дете да има успешна операција и да може да ужива среќно детство. Изложбата ќе биде отворена од 13 до 21 март.
Во меѓувреме, секој граѓанин може да се вклучи во акцијата покрената од страна на ОУ „Вера Циривири Трена“ – Скопје и да донира на следните броеви: VIP: 077 143-704; ONE: 075 143-666; T-Мобиле: 070 143-117 или на жиро сметката во НЛБ Тутунска банка – 210700000613176 (трансакциска сметка), Димитар Несторовски-за донација (цел на дознака).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top