| четврток, 6 декември 2018 |

Едноставен, а ефикасен: Пронајден нов начин за лечење на рак

Научниците од Универзитетот во Орегон развиле наномедицинска платформа за канцер која им покажува на докторите кој дел од ткивото треба да се отстрани и која помага во уништувањето на посебните канцерогени ќелии кои не е возможно да се отстранат по хируршки пат.

Платформата функционира на следниов начин:

Наночестичките со боја се вбризгуваат по интревенозен пат во телото на пациентот или пак во абдоменалната шуплина. Кога ќе дојдат до местото на туморот, интрацелуларното опкружување на туморот ја активира нивната флуросцентна боја. Деловите кои доаѓаат до местото на туморот им овозможуваат на хирурзите во реално време да проценат кој дел од ткивото е потребно да се отстрани.

Оние делови кои не е можно да се отстранат се изложуваат на црвениот дел од спектарот, што предизвикува загревање на ноночестичките и доведува до уништување на околните ќелии на ракот.

– Овој систем е толку едноставен, а толку ефикасен – изјави доктор Олена Таратула, која учестувале во истражувањето.

Новото откритите е објавено во декемврискиот број на списанието „Теаностикс“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top