Победата против Летонија од 2-1, на 5 март во Скопје, ѝ донесе на фудбалската репрезентација на Македонија скок од една позиција на ранг-листата на ФИФА. Сега сме на 82. место со 421 поен, пред Белорусија и Луксембург, кои ни се противници во следниот квалификациски циклус, а зад останатите ривали во групата предводени од актулениот светски и европски шампион Шпанија.
„Црвената фурија“ го задржа првото место со 1.510 поени, пред Германија, Аргентина, Португалија и Колумбија, селекции што се првите 5. Зад нив се наредени Уругвај, Швајцарија, Италија, Бразил и Белгија.
Од ривалите на Македонија на патот до пласман на ЕП 2016 година во Франција, по Шпанците најдоброрангирана репрезентација е Украина на 18. место. Словачка забележи напредок од 4 скалила и сега е педесетта фудбалска сила на планетата. Најслаб рејтинг има Луксембург на 120. позиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.