Македонската ликовна уметница Касиопеја Наумовска вечерва ќе има изложба во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија. Таа ќе се претстави со два циклуса слики „Раце и лица” и „Барајќи одговор”.
Авторката има реализирано повеќе од 25 самостојни и преку 100 групни и меѓународни изложби, а годинава одбележува 20 години уметничка кариера.
Добитник е на значајни ликовни награди, меѓу кои наградата за сликарство „Петар Мазев“ на ДЛУМ. Изложбата ќе ја отвори директорот на Македонскиот културен центар Васко Шутаров, а проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.