Утрово заврши последниот меч од осминафиналето на тенискиот турнир во Индијан Велс, САД. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со пресврт го победи Марин Чилиќ од Хрватска, со 1:6, 6:2 и 6:3.
Пласман во четврт-финалето обезбеди и Роџер Федерер по победата остварена ноќеска против Томи Хас (Германија) со 6:4 и 6:4.
Изненадување во оваа фаза е елиминацијата на Станислас Вавринка (Швајцарија), шампионот од Мелбурн. Тој загуби од Кевин Андерсон (Јужна Африка) со 6:7, 6:4 и 1:6.
Турнирот заврши и за Енди Мареј (Велика Британија), кој е поразен од Милош Раониќ (Канада) со 6:4, 5:7 и 3:6.
На другите осминафинални дуели беа постигнати следниве резултати: Бенето (Франција) – Лопез (Шпанија) 2:0, Долгополов (Украина) – Фоњини (Италија) 6:2 и 6:4, Гулбис (Летонија) – Баутиста (Шпанија) 7:6, 4:6 и 6:2 и Изнер (САД) – Вердаско (Шпанија) 7:6, 3:6 и 6:3.
Двојките за четврт-финалето се: Раониќ – Долгополов, Федерер – Андерсон, Ѓоковиќ – Бенето и Изнер – Гулбис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.