| четврток, 6 декември 2018 |

Промовирана „Лира и меч“ – избор од поезијата на Шандор Петефи во „Матица ексклузив“

Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, Книгоиздателството „Матица македонска“и Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија, го промовираа изборот поезија „Лира и меч“ од Шандор Петефи, во препев на македонски јазик на Паскал Гилевски.

Беседа за животот и делото на големиот унгарски поет одржа поетот и литературен критичар Раде Силјан, а во рамките на овој настан беше отворена и изложба на графики од унгарскиот сликар и графичар Вилмош Аба-Новак.

На свеченоста, пред присустните говореше и унгарскиот амбасадор во Република Македонија, д-р Јожеф Бенце, се осврна на соработката на двете држави, јубилејот -20 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Република Македонија и Унгарија, како и националниот празник на Унгарците.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top