| четврток, 6 декември 2018 |

Дирекцијата за култура и уметност промовираше монографија за „Танец“

Tanec_monografija

Во Музејот на Македонската борба, Дирекцијата за култура и уметност го промовираше изданието „Танец-промотор на кореографска школа со национален предзнак“ од авторите Кирил Тодевски и Блаже Палчевски. Авторите на делото „Танец промотор на фолклорно–кореографска школа со национален предзнак“, водени од своето долгогодишно искуство (Тодевски беше долгогодишен уредник на народната редакција во Македонско радио, а Палчески – играорец и една од легендите на ансамблот „Танец“), уште при самиот избор на темата направиле свесен и многу битен исчекор за македонската фолклористичка дејност на која, за жал, сè уште и недостасуваат трудови кои би се бавеле со современата сценска презентација на македонскиот музичко-играорен фолкор.

Д-р Александар Димитријевски во својата рецензија за книгата ќе забележи дека тие преку изборот на националниот ансамбл „Танец“ и сценско – кореографските постановки бележити за репертоарот од неговото основање до денес, како тема за истражување, а подоцна и како основа за трудот, се зафатиле со сериозна и одговорна задача за расветлување на проблеми поврзани со реализацијата на тие постановки.
-Целта ни беше, на некој начин, да проговориме, за условно речено, Македонска национална фолклорна – кореографска школа од луѓе, кои всушност и не биле образувани како кореографи. Имено, сем Глигор Василев Гиле, кој што како член на првата генерација играорци некаде во Бугарија, во 1953 година, има стекнато диплома на тамошната етно-кореографска школа, сите други поставувачи се пред сè играорци, што би рекол народот од Бога надарени, вели еден од авторите, Кирил Тодевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top