| четврток, 6 декември 2018 |

Ништо од Коби оваа сезона

Еден од најдобрите кошаркари во НБА лигата, Коби Брајант нема да се врати на теренот ниту оваа сезона.

Откако минатата сезона ја пукна Ахиловата тетива, Коби напорно работеше и се врати на теренот порано од прогнозите, но брзо по тоа повторно го повреди коленото.

– Ова ме фрустира. Повредата го тестира моето трпение. Ограничен сум, не можам ништо да направам, едвај чекам да се опоравам – вели Брајант.

Доколку не успее да се врати на теренот до крајот на сезоната 2013/14, Коби ќе биде платен по 5 милиони долари од натпревар, со оглед на тоа дека одигра само 6 натпревара, а годишната плата му изнесува 30,5 милиони долари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top