Бараж-средбата за пласман на СП 2015 година во Катар, меѓу селекциите на Грција и на Македонија, ќе се одигра во салата “Ано Лиосиа“, во близина на Атина.
Средбата е закажана на 7 јуни, во 19 часот по локално време, а реваншот се игра на 15 јуни во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“.
Поради важноста на дуелот, кој има и друг карактер освен спортскиот, ИХФ, реши да им посвети посебно внимание на двете средби. Од двете федерации ќе се бара организацијата на биде на високо ниво, и истите да минат без проблеми.
Мечот се игра во организација на ЕХФ, бидејќи се работи за континентални квалификации.
Салата “Ано Лиосиа“ има капацитет од 9.300 седишта и е изградена за потребите на ОИ во 2004 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.