| четврток, 6 декември 2018 |

Леб и игри

gorazd-capovski-90x115

Колумнист: Горазд Чаповски

Ле­то­то гос­по­до­во 2012 ќе оста­не за­па­ме­те­но по мно­гу ра­бо­ти, но најм­но­гу по де­струк­ци­ја и оп­што­чо­веч­ка пиз­ма. САД го до­би сво­јот ста­ро-нов пре­тсе­да­тел, кој иа­ко во сво­јот прет­хо­ден ман­дат не се прос­ла­ви со не­кои бле­ска­ви по­те­зи, на Аме­ри­кан­ци­те им изг­ле­да­ше по­до­бро ре­ше­ние од „хо­ли­вуд­ски­от“ ре­пуб­ли­кан­ски кан­ди­дат Мит Ром­ни, ко­му ду­ри и нај­го­ле­ма­та жи­ва аме­ри­кан­ска ико­на, Клинт Ис­твуд, не му бе­ше до­вол­на за по­бе­да. Оба­ма ги до­би из­бо­ри­те ве­ту­вај­ќи по­до­бар жи­вот за обич­ни­от Аме­ри­ка­нец, со­ци­јал­на прав­да, по­го­ле­ми да­но­ци за бо­га­та­ши­те, здрав­стве­ни ре­фор­ми, хо­мо­се­ксу­ал­ни бра­ко­ви… Ра­зо­ча­ра­ни­те ре­пуб­ли­кан­ци од по­ве­ќе др­жа­ви, пред сè од Те­ксас, со пе­ти­ции по­ба­раа от­це­пу­ва­ње од ма­ти­ца­та, а до­не­су­ва­ње­то на Бу­џе­тот, ка­ко и кај нас, бе­ше ре­чи­си не­воз­мож­на ми­си­ја. Иа­ко не бе­ше из­не­на­ду­ва­ње, Фран­ци­ја го до­би но­ви­от пре­тсе­да­тел во ли­кот на ле­ви­ча­рот Фран­соа Оланд. Не­го­ви­те ве­ту­ва­ња во кам­па­ња­та беа, пред сè, во на­со­ка на со­о­чу­ва­ње со долж­нич­ка­та кри­за, со­ци­јал­на прав­да и зго­ле­му­ва­ње на да­но­ци­те на бо­га­та­ши­те. Во таа на­со­ка ду­ри и таб­ло­и­ди­те се за­ба­ву­ваа ко­га Же­рар Де­пард­је се пре­се­ли во Бел­ги­ја – се раз­би­ра, по­ра­ди по­ни­ски да­но­ци, а Оланд го на­ре­че: „Пре­дав­ник“. Тој му вра­ти со од­го­вор де­ка раз­мис­лу­ва ду­ри и да зе­ме бел­ги­ско др­жав­јанс­тво. На Сар­ко­зи му прет­стои су­де­ње за не­ле­гал­но фи­нан­си­ра­ње на пар­ти­ја­та.

И на­ши­те со­се­ди, Гр­ци­те, оче­ку­ва­но, до­би­ја но­ва вла­да. Зем­ја­та, ко­ја по­го­лем дел од го­ди­на­та го пре­жи­веа во штрај­ко­ви, до­би но­ва ле­ви­чар­ско-дес­ни­чар­ска вла­да, на че­ло со Ан­до­нис Са­ма­рас. На ова му прет­хо­де­ше из­бор­на по­бе­да на „Си­ри­за“, но­ва пар­ти­ја со ле­ви­чар­ска, ду­ри, би ре­кол — со ко­му­ни­стич­ка про­ви­ни­ен­ци­ја, оли­це­тво­ре­на во ха­риз­ма­тич­ни­от млад ли­дер Але­ксис Ци­прас. По сè изг­ле­да Гр­ци­ја ја оче­ку­ва­ат но­ви из­бо­ри, по сè по­из­вес­ни­от крах на по­ли­ти­ка­та на Са­ма­рас.

И на­ши­от се­ве­рен со­сед до­би нов пре­тсе­да­тел, по­ра­неш­ни­от ра­ди­кал То­мис­лав Ни­ко­лиќ. По­пу­лар­ни­от То­ма Гро­бар во пр­ви­те ме­се­ци, на оп­што из­не­на­ду­ва­ње, иа­ко наг­ла­се­но во кам­па­ња­та, го уап­си нај­бо­га­ти­от Бал­ка­нец спо­ред „Форбс“, сопс­тве­ни­кот на „Дел­та хол­динг“, Ми­шко­виќ, ка­ко и по­ра­неш­ни­от гра­до­на­чал­ник на Бел­град, Дра­ган Ѓи­лас. И срп­ско­то под­зем­је не оста­на ра­ат од ма­ша­та на То­ма, што му до­не­се екс­прес­но зго­ле­му­ва­ње на реј­тин­гот, пред се­га дек­ла­си­ра­ни­от ДС и ве­ќе под­за­бо­ра­ве­ни­от Та­диќ. Да­ли, на­ви­сти­на, Ни­ко­лиќ ќе ус­пее да ја раз­бие ка­ма­ри­ла­та што е соз­да­ва­на со де­це­нии од УД­БА, и ко­ја со де­це­нии ја др­же­ше Ср­би­ја , а и ре­ги­о­нот во хи­бер­на­ци­ја, оста­ну­ва да ви­ди­ме.

Во Ма­ке­до­ни­ја 2012 го­ди­на не ги до­не­се по­са­ку­ва­но­то членс­тво во НА­ТО и поч­ну­ва­ње­то пре­го­во­ри со ЕУ. Но, тоа што, де­фи­ни­тив­но, ја од­бе­ле­жа оваа го­ди­на се слу­чу­ва­ња­та по по­вод до­не­су­ва­ње­то на Бу­џе­тот. Тол­ку зла крв, тол­ку ло­ши ду­ми и кле­тви, тол­ка­ва пиз­ма, чи­нам во Ма­ке­до­ни­ја не сме до­жи­ве­а­ле. Ме­сто по­ми­ру­ва­ње на на­ци­ја­та, вле­гу­ва­ме во 2013 го­ди­на ка­ко крај­но по­ла­ри­зи­ра­на и фру­стри­ра­на на­ци­ја. Во овие праз­нич­ни де­но­ви, ко­га го сла­ви­ме ра­ѓа­ње­то Хри­сто­во, мо­же­би е нај­по­треб­но си­те да го ста­ви­ме пр­стот на че­ло и да се пра­ша­ме: Да­ли со пра­во од на­ши­те со­се­ди го до­бив­ме пре­ка­рот „ло­шо де­те“? Иска­ра­ни со си­те со­се­ди, иска­ра­ни ме­ѓу се­бе, иска­ра­ни са­ми­те со се­бе – мо­же­би е во нас проб­ле­мот.

(објавено во 18. број на неделникот „Република“, 4.01.2013)

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top