| четврток, 6 декември 2018 |

Вардар се пласираше на завршниот турнир во СЕХА лигата

Македонскиот ракометен шампион Вардар со убедлив триумф (20-26) против Борац Бања Лука на гости обезбедија пласман на завршниот турнир Ф4 во СЕХА-лигата. Избраниците на тренерот Раул Гонзалес беа надмоќни на овој дуел и заслужено стигнаа до планираните бодови.

Вардар со победата од 26:20 над Борац во Бања Лука избори пласман на завршниот турнир во СЕХА лигата што од 11 до 13. април ќе се игра во Нови Сад.

Најефикасен ракометар во редовите на Вардар, веќе вообичаено, беше Тимур Дибиров, со девет постигнати гола, а одличен на голот беше и Петар Ангелов, со 16 одбрани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top