| четврток, 6 декември 2018 |

Хари: Вилијам, ти ќе бидеш крал, а не јас

Дека принцот Хари ужива во тоа што нема некои одговорности, не е непознато, а сега излезе и книга која го потврдува тоа.

– Ти ќе бидеш крал, а јас не, па затоа можам да правам што сакам – му рекол принцот Хари на својот постар брат, принцот Вилијам, се наведува во новата биографија на младиот член на британското кралско семејство.

Во биографијата, чиј дел објави британски „Мирор“, дописничката од кралскиот дворец Марсија Муди пишува:

– Вилијам често го добивал најголем дел од семејното внимание, но и вниманието на кралскиот персонал. Кралицата ќе ја ставела столицата покрај себе, каде што исклучително седел Вилијам, а често ја посетувал сам, без Хари – наведува Муди.

Но, наместо да се лути поради третманот кој го добивал неговиот постар брат, принцот Хари одлучил да искористи најмногу што може од тоа.

Сепак, ривалството на Хари со Вилијам во еден момент го достигнало својот врв кога Хари го удрил со стап за билијар додека претстојувале на островот Некер на познатиот милијардер сер Ричард Бренсон.

Новата книга, исто така, открива дека Хари, поради носењето свастика на костимирана забава, е казнет со одење на фармата во Глочестер, каде што морал да ги храни свињите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top