Оперската пејачка Елин Манахан Томас (41) од Велс ќе биде еден од изведувачите кои ќе настапат на свадбата на британскиот принц Хари која е закажана за в сабота, 19 мај. Сопранот Манахан Томас е позната и на македонската публиката. Таа пред повеќе од 15 години пеела во дворот на црвката „Свети Пантелејмон“ во Нерези, во близна на Скопје. Велшанката, која е најмногу позната по изведување на баркона музика, настапила на концерт на хорот на Клер Капл Колеџот од Кембриџ, Велика Британија со познатиот македонски хор „Света Злата Мегленска“.
Убавата и софистицирана оперска пејачка од Велс заедно со трубачот Дејвид Блекадер, според британските медиуми, ќе го придружуваат оркестарот кој ќе свири во црквата каде што ќе се одржи венчавката.
Кралската двојка на 24 април го објави списокот на изведувачи кои ќе настапат на нивната свадбена церемонија. Музиката е под водство на Џејмс Вивиан, диригент на музичкиот хор на црквата каде што тие ќе се венчаат. Освен црковниот хор, ќе настапи и 19-годишниот виолончелист Шеку Канех-Мејсон, кој со своите браќа и сестри победи на натпреварот „Би-би-си“ за млади музички таленти. Шеку доби лична покана од невестата на принцот Хари. Карен Гибсон ќе го предводи Евангелискиот кралскиот хор, а Меган и Хари ќе имаат оркестар за играње, предводен од диригентот Кристофер Ворен-Грин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
После разводот од тенисерот актерката се омажи за милијардер, а на венчавката се појави со предлабоко деколте
-
И принцезата Дајана ќе биде дел од венчавката: Еве како Хари ќе ја донесе мајка му на свадбата
-
Објавени првите фотографии од филмот: „Меган и Хари: Кралска романса“ на 13 мај на ТВ (галерија)
-
Расте бројот на склучени бракови: Лани имало повеќе венчавки од разводи!