| четврток, 6 декември 2018 |

Вилијам и Хари во осмиот дел од „Војна на ѕвездите“

Британските принцови Вилијам и Хари најверојатно ќе ги видиме во осмиот филм од  сагата „Војна на ѕвездите”. Иако овие наводи се уште не се официјално потврдени ниту од кралското семејство, ниту од продуцентите на филмот се погласни се информациите дека двајцата благородници биле забележани на местото на снимањето, во костими карактеристични за таа франшиза, но не е сигурно дали сцените со нив ќе останат во филмот кој треба да се појави во декември.

Оваа информација протече откако Џон Бојега, ѕвездата на последниот филм „Војна на ѕвездите“ даде интервју за Би-Би-Си.

-Преку глава ми е од тајни за Принцот Вилијам, рече Бојега.Тие беа на снимањто, а исто и Том Харди. Режисерот дојде и им рече ека е време „да ги облечат“, откри Бојега во интервјуто.

 

извор „Популарно.мк“

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top