СВР Скопје до надлежното ОЈО Скопје ги предаде Д.С.(22) и Д.Т.(24) двајцата од Скопје, поради основано сомневање дека сториле две кривични дела неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Имено, пријавените во текот на февруари оваа година, од засега две непознати лица купиле одредена количина наркотична дрога – марихуна и синтетичка дрога – амфетамин, кои ги препакувале за улична продажба и истите ги чувале во своите домови.
СВР Скопје, по добиеното сознание дека пријавените се занимаваат со недозволена трговија презеде мерки и активности при што со наредба од судија на претходна постапка, се извршени претреси во домовите на пријавените при што кај Д.С. се пронајдени и одземени 9,2 грама амфетамин и 341,17 грама марихуана, додека кај Д.Т. се пронајдени 595 грама марихуана.
Инаку, двајцата пријавени се регистрирани сторители на имотни деликти и деликти проследени со насилство, за што на Д.Т. за сторени 20 кривични дела му се поднесени 15 кривични пријави, а од надлежен суд му се изречени две мерки засилен надзор и една условна осуда, додека на Д.С. со сторени осум кривични дела му се поднесени седум кривични пријави, а од надлежен суд му се изречени три мерки засилен надзор.
Судија на претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.