| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: До изборите пасоши и лични карти ќе се издават по брза постапка

Биометриските документи до денот на изборите ќе се издаваат по брза постапка, информираше во понеделник министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Според податоците, 124.962 македонски граѓани немаат биометриски документи, а 12.255 лица кои ги има во избирачките списоци се со истечени документи. Ако сакаат да го остварат своето избирачко право, рече Јанкулоска, овие лица ќе мора да ги обноват или да извадат документи во управните служби на МВР.

-Одлучивме во овој период до изборите сите документи да се разгледуваат по брза постапка, веднаш да се одобруваат и веднаш да се изработуваат сè со цел да им излеземе во пресрет на колку што е можно поголем број на граѓани кои ќе пројават интерес за остварување на нивното избирачко право, рече Јанкулоска.

До сега се издадени 1.934.323 лични карти и 1.857.909 патни исправи

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top