Рокот за компаниите да ги воведат еколошките стандарди што ги наложи Министерството за екологија истекува на 1-ви април. Но Југохром од Јегуновце ќе бара пролонгирање бидејќи им биле потребни уште близу две години за реализација на најкомплицираните процеси. Од компанијата велат дека поголемиот дел оперативниот план е реализиран. Останале уште 5 активности меѓу кои и најкомплицираната – отпрашувањето. За овој процес бил потпишан договор со една швајцарска компанија и е потребен подолг период за реализација во неколку фази.
-Ако појдеме со првата фаза, тоа се двете најголеми печки, кои се речиси 60% од Југохром, тогаш ќе се направат и помалите. За тоа ќе ни требаат близу две години, вели Бранислав Ѓуровиќ – Генерален директор на „Југохром Фероалојс“.
Барањето за пролонгирање министерството ќе го проследи до Владата која ќе одлучи дали ќе го прифати. Најдолго може да се чека уште пет години, но министерот Адеми рече дека периодот би бил пократок.
-Кога зборуваме за пролонгирање на оперативниот план не зборуваме за пролонгирање на целата А – интегрирана дозвола и на сите делови од оперативниот план. Затоа што ако за Југохром оперативниот план има 29 делови, можно е Владата да одлучи рокот да го пролонгира само за еден дел и тоа на краток рок, изјави Абдулаќим Адеми – Министер за животна средина и просторно планирање.
Рокот за воведување на еколошките стандарди и добивањето А – интегрирана дозвола е до 1-ви април годинава.
Од ресорното министерство ги охрабрија компаниите да продолжат со овој процес, со кој се заштитува здравјето на граѓаните и се исполнуваат европските стандарди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Југохром“ со кредит од Владата ќе купува филтри
-
Синдикатот на „Југохром“ бара средба со Заев, во спротивно најавува протести пред Владата
-
Теута Арифи бараше затворање на „Југохром“, луѓето останаа без работа, a Тетово е повторно најзагаден град
-
Димитриев и Пешевски на средба со синдикатот и менаџерскиот тим на Југохром