| четврток, 6 декември 2018 |

Во Рим признаваат, Јувентус е шампион

Тренерот на Рома, Руди Гарсија, вели дека трката за титулата во Серија А во Италија е завршена и дека Јувентус може да слави, иако до крајот на шампионатот има 12 кола.

Јувентус е лидер со 72 бода од 27 натпревари, и има предност од 14 бода пред Рома, тим што одигра меч помалку. Во игра за титулата теоретски е и Наполи со 55 бода од 27 меча.

„Ако гледаме математички на работите титулата не  е загубена за Рома, но ако сме реални, мора да истакнеме дека Јувентус веќе може да слави нов трофеј“, изјави Гарсија по вчерашниот пораз на „римската волчица“ во Неапол. Наполи го доби дербито со 1-0 и ги сведе шансите на Рома на минимум.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top