Денес се заокружи големата донаторска акција на „Бимилк“ и „Тинекс“ под мотото „Хуманоста е важна“, од која за помош на децата и на младите со посебни потреби се собраа 152.942,00 денари. Собраните средства ќе бидат рамномерно искористени за купување материјални средства и помагала за подобрување на животот на децата и младите со посебни потреби во Заводот за деца и млади „Топанско Поле“ – Скопје и Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух „Кочо Рацин“ од Битола.
Акцијата, која почна на 10 февруари и траеше сè до денес, овозможи од секое продадено битолско трајно млеко во маркетите „Тинекс“ низ целата држава (Битолско млеко 3,2%, Битолско млеко 2,8%, Битолско млеко со 10 витамини или Битолско light млеко 0,9%), да бидат издвојувани средства наменети за хуманитарна донација, и тоа за јавни установи или ранлива категорија граѓани.

Ова е уште една во редот на хуманитарните активности под платформата „Хуманоста е важна“, преку која „Бимилк“ и „Тинекс“ минатата година обезбедија средства за подобрување на животот на децата и младите во установите – ДСУ за рехабилитација и образование „Наум Охридски“ и Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“.
– Колку чинот на помагање го практикуваме во текот на целата година – е прашањето кое ги покрена двете домашни компании „Бимилк“ и „Тинекс“ за почетокот на иницијатива која со текот на времето сѐ повеќе ќе се проширува. Се работи за нов пристап кон прашањето за хуманоста и чинот на хуманост, а тоа е дека треба да бидеме хумани преку цела година.
„Како општествено одговорна компанија, како и досега така и понатаму, ќе бидеме насочени кон пронаоѓање начини за помош и решавање на проблемите во сите сегменти на нашето опкружување, особено за оние на кои им е најнеопходна нашата помош – истакна Полексена Ристеска, маркетинг менаџер на „Бимилк“ за потребата од оваа хуманитарна активност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


