| четврток, 6 декември 2018 |

Со студии по информатички науки и технологија до побрзо вработување

спиро ристовски

Информатичките науки и технологии, како и останатите технички факултети гарантираат побрзо наоѓање работа.

-Показателите говорат дека студентите кои дипломираат на техничките факултети, а посебно на информатичките науки и технологии, имаат најмалку период на чекање до засновање на својот прв работен однос – изјави Спиро Ристовски, министер за образование и наука.

Тој денеска присустуваше на отворањето на Саемот за вработување и кариера, организиран од Бордот на европски студенти по технологија – Скопје, во соработка со Студентскиот парламент на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

На Саемот за вработување и кариера учествуваат 18 компании, од кои повеќето се од ИТ секторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top