На 23 февруари 2018 година (петок), со почеток во 10.30 часот, во просториите на НУ Музеј на македонската борба, ќе се промовира новата едукациска алатка за „Аферата Мис Стон“, изработена од студенти на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ФИНКИ, (УКИМ), а со поддшка на Британскиот совет. Станува збор за интерактивна 3Д веб-сцена наменета за учениците од основното, средното образование и за сите оние кои сакаат да научат повеќе за овој возбудлив настан од македонската историја.
Алатката, која може да се користи како ИКТ метод во наставниот процес, ќе биде промовирана пред наставници од основните и средните училишта од Скопје, а ќе продолжи со работилница на која претставници на музејот и на наставниците заеднички ќе ги истражат можностите за нејзиното користење.
На промоцијата, покрај претставниците на Музејот на македонската борба и Британскиот совет, ќе присуствуваат и студентите кои го изработија овој проект под менторство на проф. Бобан Јоксимоски од ФИНКИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Бекер: Да имав можност да играм со Федерер на Вимблдон, сигурно ќе бев поразен!
-
Жежов: Република Македонија е исправена пред еден од најтешките предизвици од независноста до денес
-
Проф. Котлар: Можеме да зборуваме за заеднички процеси во одредени периоди со Бугарија, но не и за заедничка историја
-
Ковачев: Македонската историја е 100 насто фалсификат (Видео)