| четврток, 6 декември 2018 |

Јанкулоска: Се надевам дека изјавите кои ги оспоруваат демократските институции ќе наидат на осуда

Gordana-Jankulovska-740x320-topСите изјави што ги даваат високите политички функционери во овој изборен период несомнено ќе влијаат на одлуката на граѓаните дали да поддржат сериозен демократски капацитет или да поддржат нешто друго, смета министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, претходно изјави дека за нив ќе биде нелегитимен доколку Ѓорге Иванов на претстојните избори биде избран за претседател на Република Македонија.
– Се надевам дека сите изјави кои ги оспоруваат демократските институции на Република Македонија ќе наидат на широка осуда кај мнозинството граѓани. Единствениот коментар на ваква изјава, каде што хипотетички се спори легитимитет на легитимно избрани функционери на директни непосредни избори, навистина нема ништо заедничко со демократски капацитет и однесување – изјави Јанкулоска.
Таа потенцира дека изборите се моментот кога граѓаните треба да одлучат дали поддршката ќе ја дадат на една, друга или на трета политичка опција и секој оној кој сака да наметне или спроведува политика, подвлече, единствен начин да го направи тоа е преку слободни, фер и демократски избори.
– Република Македонија  се соочува со два такви процеси што значи дека граѓаните ќе треба да одлучат и кој ќе биде претседател на државата и кој ќе ја предводи идната влада – изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top