Иако беше најавен како дерби натпревар од 24. коло во германската Бундес лига, дуелот помеѓу аспирантот за последното место кое води во Лигата на шампиони, Волфсбург и актуелниот шампион и лидер на првенствената табела, Баерн (М), заврши со убедлив триумф на баварскиот гигант од 6:1. Меѓу најзаслужните за освоените три бода се репрезентативците на Германија и Хрватска, Томас Милер и Марио Манџукиќ кои постигнаа по два погодока, а во листата на стрелци се запишаа и Хердан Шакири и Франк Рибери.
Убедлив триумф од 4:0, но над гостинскиот тим на Хофенхајм, остварија фудбалерите на Шалке, а без победник, 1:1, заврши дуелот помеѓу екипите на Хановер и Баер од Леверкузен.
Фудбалерите на Борусија од Дортмунд денеска имаат обврска да забележат позитивен резултат на незгодното гостување во Фрајбург, а репрезентативецот на Македонија и капитен на германскиот бундеслигаш Мајнц, Николче Новески денеска ќе биде последна пречка за напаѓачите на Херта од Берлин.
Резултати:
Шалке 04 – Хофенхајм 4:0
Борусија (М) – Аугсбург 1:2
Штутгарт – Брауншвајг (Б) 2:2
Хановер – Леверкузен 1:1
Волфсбург – Баерн М. 1:6
Хамбургер – Ајнтрахт Ф. 1:1
Нирнберг – Вердер (Бремен) 0:2
Фрајбург – Борусија (Д) 0:1
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Кралевите“ се подготвени да платат 30 милиони евра за Леон Горецка?!
-
Ајакс го враќа Хунтелар во Холандија
-
Три меча во продолженија, Селта го преживеа Генк и ќе игра за првпат во европско полуфинале (видео)
-
Баерн не се зеза, до врв му ја наполни мрежата на Аугсбург, рурското дерби без победник (видео)