| четврток, 6 декември 2018 |

Три меча во продолженија, Селта го преживеа Генк и ќе игра за првпат во европско полуфинале (видео)

selta

Историски пласман во полуфиналето обезбеди Селта, откако шпанскиот клуб ја одбрани предноста од 3-2 од првиот натпревар против Генк. Реваншот во Белгија заврши 1-1, први поведоа фудбалерите на Селта преку Систо во 63. минута, а домаќините израмнија четири минути подоцна преку Тросард.

Интересно, останатите три четвртфинални пресметки ќе бидат решени преку продолженија, откако Манчестер јунајтед и Андерлехт одиграа 1-1 по 90 минути на „Олд трафорд“. Мхитаријан го постина водечкиот гол за „ѓаволите“, веднаш потоа следеа уште неколку шанси за домаќините, кои останаа неикористени, па потоа Хани израмни во 32. минута. Јунајтед има за што да жали бидејќи Ибрахимовиќ и Рашдорф промашија по две стопроцентни шанси, по што мечот ќе мора да се реши преку дополнителни 30 минути игра, а можеби и преку пенал-рулет.

mancester junajted

Дополнителни 30 минути ќе се играат и во Гелзенкирхен, откако Шалке поведе со 2-0 против Ајакс, анулирајќи ја предноста на холандскиот клуб од првиот натпревар. Горецка и Бургсталер ги постигнаа головите за бундеслигашот, а Ајакс ќе биде со играч помалку во продолженијата откако во 80. минута црвен картон заработи Велтман.

Интересно ќе биде и во продолженијата во Истанбул, откако Бешикташ славеше со 2-1 над Лион, идентичен резултат како и првиот натпревар во Франција. Талиска со два гола беше херојот на „ѓаволите“ во регуларните 90 минути, додека единствениот погодок за Лион беше дело на Лаказет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top