Баерн Минхен забележа нова убедлива победа во Бундес лигата, декласирајќи го составот на Аугсбург со преубедливи 6-0 за уште еден чекор напред кон шампионската титула. Роберт Левандовски постигна хет-трик за баварскиот гигант, а во гол-шоуто на „Алијанц арена“ учествуваа уште и Милер (два гола) и Тијаго.
Серијата слаби игри ја прекина тимот на Лајпциг, кој по двата порази во низа попладнево го декласираше Дармштад со 4-0. Кеита уште еднаш покажа колку е значаен за Лајпциг, постигнувајќи два гола за овој тим на својот камбек по паузата од неколку средби откако претходно колабираше среде натпревар. Покрај Кеита, погодоци за Лајпциг постигнаа уште и Форсберг и Орбан, со што оваа екипа се зацврсти на второто место на табелата.
Рурското дерби меѓу Шалке и Борусија Дортмунд заврши без победник, 1-1, со што „милионерите“ останаа зад Хофенхајм на четвртата позиција на табелата. Обамејанг ги доведе гостите од Дортмунд во водство, но бод за домаќините спаси Керер на додавање на Горецка.
Резултати Бундес лига 26. коло:
Хамбургер – Келн 1-1, Баерн М. – Аугсбург 6-0, Фрајбург – Вердер 2-5, Лајпциг – Дармштад 4-0, Шалке – Борусија Д. 1-1.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)