Некогашната најголема надеж на фудбалска Холандија, Клас Јан Хунтелар, одлучи да се врати во редовите на Ајакс, каде настапуваше од 2006 до 2008 година.
Холандкиот голгетер кој е продукт на ПСВ Ајндховен во Ајакс се врати од редовите на Шалке и потпиша договор на една година, со можност истиот да биде продолжен за уште една.
– Не е тајна што Ајакс е во моето срце и многу сум среќен што се вратив тука. Ќе дадам сè од себе навивачите да се радуваат на моите голови – по промоцијата изјави Хунтелар.
33-годишниот напаѓач за време на првиот престој во тимот од Амстердам одигра 136 натпревари во кои постигна 105 гола, па потоа имаше неславни денови во Реал Мадрид и Милан, за да од 2010 година да го носи дресот на германскиот гигант.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот