Една недела по изборот за кандидат на опозицијата за претседател професорот Стево Пендаровски излезе на јавен настан и веднаш со соочи со проблем.
Наместо стотици граѓани како што миу било најавено Пендаровски бил пречекан само од претставници на невладината организација Аман кој по налог на СДСМ ги организираше протестите против поскапувањето на струјата.
На сликата со Пендаровски во Скопската чаршија наместо обични граѓани се гледа лидерот на невладината „Аман“ блиска до СДСМ кој заедно со други активисти треба да го пополни празниот простор поради одсуство на вистински подржувачи на Пендаровски и опцијата која што ја застапува.
Со инволвирањето и злоупотреба на здруженија кои што се претставуваат како граѓански а всушност се приврзоци на политички партии како во случајов СДСМ се врши манипулација со невладиниот сектор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.